Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кумановки утре ќе го нагостат шампионот ЖРК Вардар
Кумановки утре ќе го нагостат шампионот ЖРК Вардар

Кумановки утре ќе го нагостат шампионот ЖРК Вардар

Викендов што е зад нас женскиот црвено-црн ракометен колектив по четврти пат во својата историја, а третпат по ред го освои Купот на Македонија. Со тоа најави уште една двојна круна, како и во претходните две сезони. За избраничките на Кастатовиќ и Камара преостанува уште доигрувањето во плеј-оф сегментот од Скопско Супер лигата. Во истиот тие утре ќе го одиграат четвртиот свој меч во домашниот шампионат.

Првотимките на Вардар ќе го одиграат овој меч како гостинки кај тимот на ЖРК Куманово во истоимениот град. Кумановски имаа лош старт на плеј-офот одиграа половина мечеви од истиот односно пет и имаат само една победа и дури четири порази. Вардар влегува како апсолутен и неприкосновен фаворит во овој дуел , досега во трите одиграни меча во кој нормално нетреба да потенцираме дека триумфиравме постигнавме 140 гола или речиси 47 гола во просек по меч, прашањето за девојките од соседниот град на Скопје е дали ќе броиме до или над 50 погодока утре. По овој дуел остануваат уште шест рутински дуели пред официјалното крунисување, по што ќе следи поголема летна пауза во женскиот ракомет. Вториот вардаров колектив екипата  на ЖРК Вардар јуниор денес ќе гостува кај Металург во дуелот за место зад шампионскиот пиедестал на првиот тим.