Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тијана Николова: “Јуниор“ лигата ја гледам како настан за дружење меѓу нас играчите, кои сме таму да го покажеме најдоброто што го имаме во себе
Тијана Николова: “Јуниор“ лигата ја гледам како настан за дружење меѓу нас играчите, кои сме таму да го покажеме најдоброто што го имаме во себе

Тијана Николова: “Јуниор“ лигата ја гледам како настан за дружење меѓу нас играчите, кои сме таму да го покажеме најдоброто што го имаме во себе

Во изминатиов период активна е “Вардар Јуниор“ лигата, во која ќе се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Во првата година на нејзиното функционирање се натпреваруваат екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите. Полека се ближи крајот на сезоната и се добиваат финалните натпревари во различни взорасни генерации од машка и женска конкуренција. Академија 3 исто така е дел од “Јуниор“ лигата.

-За мене јуниор лигата не претставува само обичен натпревар каде што имаме за цел само да победуваме. Оваа лига ја гледам како настан за дружење меѓу нас играчите кој сме таму да го покажеме најдоброто што го имаме во себе. Лигата изобилува со квалитетни екипи каде што навистина е предизвик да се учествува.

Тијана Николовa настапува за екипата на Академија 3, под водство на тренерот Влатко Котески.

-Како дел од екипата на Академија 3 сметам дека е убава можноста да се запознаеме со екипите од другите градови. Околу организацијата сметам дека е на високо ниво. Што се однесува до играта секогаш може подобро. Се обидувам да го дадам максимумот од себе, и секако најдобрите заслужуваат да продолжат понатаму. Секогаш се спремам кон постигнување на што поголеми резултати, изјави Тијана Николова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски