Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одлични бројки на достигнувања за генерација “2006“ во оваа натпреварувачка сезона
Одлични бројки на достигнувања за генерација “2006“ во оваа натпреварувачка сезона

Одлични бројки на достигнувања за генерација “2006“ во оваа натпреварувачка сезона

Генерацијата родени “2006“ година на ФК Вардар е една од нашите најуспешни екипи во оваа натпреварувачка сезона. Избраниците  на Игор Кралевски се пласираа на завршниот турнир во детската лига и претходно освоија четири последователни турнири. Правиме една целосна анализа и преглед на остварените резултати и игри на оваа надежна генерација, пред она најважното што следува во детската лига.

Сите постигнати резултати на Вардар (1) во пролетниот дел од сезоната и оние елиминациски натпревари, за пласман на заврпниот турнир во детската лига. Беа постигнати шест победи, три нерешени резултати и ниден пораз, со 33 постигнати и 5 примени голови.

-Вардар – Башкими  5:0

-Вардар – Њу Старс  3:0

-Вардар – Форца   1:1

-Вардар – Работнички  1:1

-Вардар- Албарса  3:1

-Вардар – Скупи  1:1

-Вардар – Риниа  4:0

-Вардар – Еуростарт  9:0

-Вардар- Ново Лисиче  6:1

Вардар (2) имаше само еден пораз во регуларниот дел од сезоната и тоа против екипата на Милано, од која загуби и во елиминацискиот дел. Во овој дел од натпреварувањето беа остварени 7 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз. Гол разликата е 40 постигнати и 7 примени голови.

-Вардар – Викторија 9:0

- Вардар – Њу Старс  5:1

- Вардар – Кул  2:2

- Вардар – Работнички 3:0

- Вардар – Албарса  6:0

- Вардар – Албион  2:1

- Вардар – Милано 1:2

- Вардар – Куманово 4:1.

- Вардар – Маџари  8:0

Во елиминацискиот дел од детската лига, се пласираа двете екипи на оваа генерација предводена од тренерот Игор Кралевски, кои завршија на првото место во своите групи. Вардар (2) беше елиминиран во првиот меч и тоа од екипата од која имаше пораз и во пролетниот дел. Милано беше подобар од нашите момчиња со резултат 2:0. Долг и тежок беше патот за Вардар (1), кој мораше да одигра дури четири натпревари, за да обезбеди пласман на завршниот турнир на најдобрите осум екипи на државно ниво.

Ова се нивните резултати во елиминацискиот дел од лигата:

-Вардар – Работнички  5:0

-Вардар – Ринија  3:1

-Вардар – Ново Лисиче  0:0  ( 2:1 на пенали)

-Вардар – Албион  1:0.

1/4 Вардар – Шкендија  1:1  ( пенали  3:4)

Севкупно ( есенски и пролетен дел) цела “2006“ генерација пред одигрување на завршниот турнир во детската лига има вкупно 25 победи, 7 нерешени и само 3 порази. Ова се одлични бројки на постигнување  за избраниците на Кралевски, кои имаат освоено уште и четири младински фудбалски турнири и едно второ место.