Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Александрија на 02.02, договорен тест и со Черноморец
Вардар против Александрија на 02.02, договорен тест и со Черноморец

Вардар против Александрија на 02.02, договорен тест и со Черноморец

Екипата на Вардар договори два теста на зимските подготовки во Аланија. Два од петте противника на нашиот тим се познати а тоа се екипите на Александрија и Черноморец од украинската прва лига.

Против Александрија црвено – црните ќе играат на втори идниот месец, додека пак против Черноморец сеуште не е познат точниот датум.

Александрија важи за одлична екипа, сезонава тоа го потврдува во украинската прва лига каде го завзема третото место со девет бодови помалку од лидерот Шахтиор.

Черноморец пак, игра ојачјно и се наоѓа на претпоследната позиција со само 12 бодови.

И против двете екипи Вардар во минатото има одиграно тест дуели на подготовките токму во Турција.