Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еден актуелен и поранешен играч на Вардар, ќе добијат признанија за најдобри спортисти на Штип во 2018 година
Еден актуелен и поранешен играч на Вардар, ќе добијат признанија за најдобри спортисти на Штип во 2018 година

Еден актуелен и поранешен играч на Вардар, ќе добијат признанија за најдобри спортисти на Штип во 2018 година

Еден актуелен и еден поранешен играч на црвено-црното семејство утре ќе добијат признанија од градот Штип, во изборот за најдобри спортисти на градот во 2018 година.

Утревечер, од 19 часот во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров’ ќе се одржи традиционалната манифестација – избор на најдобрите спортисти на Штип во 2018 година. Ќе бидат доделени и признанија и на спортистите од Штип, кои сега играат во други клубови и ја афирмираат Македонија и Штип. Признанија ќе добијат Бобан Николов, фудбалски репрезентативец и поранешен играч на ФК Вардар, Мартин Поповски кој моментално настапува за РК Вардар, и Викторија Варадинова, која постигнува резултати на меѓународни натпревари.

Мартин Поповски ја игра својата трета сезона во првиот тим на Вардар, клуб со кој успеа да ја освои и Европската титула, а претходно настапуваше за тимот на Вардар Јуниор. Бобан Николов кој моментално е играч на унгарскиот прволигаш Видеотон, е поранешен фудбалер на Вардар, за кој има одиграно 83 официјални натпревари, притоа постигнувајќи 11 голови.