Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Оперираните играчи полека се враќаат во тренажен процес, Вардар посилен ќе влезе во вториот дел од сезоната
Оперираните играчи полека се враќаат во тренажен процес, Вардар посилен ќе влезе во вториот дел од сезоната

Оперираните играчи полека се враќаат во тренажен процес, Вардар посилен ќе влезе во вториот дел од сезоната

Во текот на вчерашниот ден, црвено-стартуваа со подготовките за вториот дел од сезоната. Првиот тренинг го одржа Гарсија Парондо, но од денес таа задача ќе ја има неговата помошничка, Билјана Црвенковска. На вчерашниот прв собир недостасуваа неколку играчи кои во наредниве денови треба да го комплетираат тимот, не земајќи ги предвид осумте ракометари кои од утре стартуваат со настап на Светското првенство во Германија и Данска.

Она што е важно за нашиот шампион дека тројца играчи кои во изминатата година правеа операција во  наредниве денови треба да се приклучат и да тренираат со екипата. Речиси скоро два месеци поминаа откако Мораес Фереира направи операција на коленото во болницата “Аџибадем Систина„. Првиот месес после изведување на хируршкиот зафат, периодот на рехабилитација беше во Скопје, а потоа замина во родниот Бразил каде продолжи со вежби и опоравување, со цел побрзо враќање на терените.

Десетина дена после Фереира, на операција мораше да замине и левиот бек во редовите на Вардар, се работи за Вуко Борозан кој исто така беше опериран во болницата “Аџибадем Систина„ кој имаше тешка и ретка повреда на коленото. Одлично течеше периодот на рехабилитација и за црнагорецот, кој треба да се приклучи на тимот во наредните денови и да се стави во тренажен процец.

Во последнат половина од месец декември на принудна операција мораше да замине и Даинис Кристопанс, кој на натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Татран Прешов доби непријатен удар, по што му беше направен хируршки зафат на тестисите. Сепак кај летонскиот “џин„ не се работеше за нешто посериозно, па десниот бек се јави на прозивката на тимот.

Првиот кој подлежи на операција во редовите на Вардар, последен ќе го видиме на терените. Се работи за Сергеј Горбок кој на крајот од месец септември минатата година ги скина лигаментите, по што мораше да замине на операција, која беше успешно изведена во Загреб. Иако првично се најавуваше дека за него е завршена сезоната, сепак постојат големи шанси, рускиот репрезентативец да се врати на теренот во месец март, кога Вардар го очекуваат големи предизвици во Лигата на Шампионите, како и во другите натпреварувања.

Со сите споменати играчи, Вардар ви бил многу посилен, но и ќе има повеќе ротации во играта кој ја диригира, шпанскиот стратег на клупата, Роберто Гарсија Парондо.