КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ – Прославениот великан на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски е роден на 14 октомври 1943 година во Скопје. За тимот на Вардар настапува пет сезони во периодот од 1962 до 1967 година. Притоа во дресот со „црвено-црните“ бои има одиграно вкупно 218 натпревари и настапено на 132 првенствени средби.
Легендарниот Дојчиновски исто така во три наврати беше и шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб во сезоните 1990/1991, 1996/1997 и за последен пат во 2007/2008 кога Вардар минуваше низ едни од најтешките денови од неговото постоење.