Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Херем: Во Вардар беше прекрасно, одлична атмосфера, спортски центар кој ги нуди сите можности
Херем: Во Вардар беше прекрасно, одлична атмосфера, спортски центар кој ги нуди сите можности

Херем: Во Вардар беше прекрасно, одлична атмосфера, спортски центар кој ги нуди сите можности

Поранашната вардарка, норвежанката Камила Херем во интервју за Европската ракометна федерација (ЕХФ) зборуваше за искуството во Македониј. Крилото беше дел од црвено-црните  во  сезоната 2016/17. Таа од Вардар мина во  екипата на Сола, а за норвешкиот национален тим одигра 247 натпревари и многу пехари. Со својата селекција освои олимписко злато, две светски и четири европски злата. Во 2016 година кога мина во Вардар беше прогласена за најдоброто лево крило во светот.

Во Вардар беа организирани сите работи за ракометарките, тоа многу ми се допаѓаше. Екипата  има арена и во нејзин склоп ресторан, теретана, хотел, болница. Сакав да играм во Скопје поради фантастична атмосфера што секогаш ја прават фановите. Тие секогаш испраќаат поддршка па  дури и на гостувањата. Мојот сопругот  живееше неколку месеци со мене во Скопје. Но, тогаш доби понуда од клуб на 30 минути од местото каде што живее моето семејство во Норвешка. Не сакав сама да останам во Скопје, па решив дека ќе се вратам дома-вели Херем.