Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дојдете на Градски да навиваме за ФК Вардар!
Дојдете на Градски да навиваме за ФК Вардар!

Дојдете на Градски да навиваме за ФК Вардар!

Вардар во 3. коло во новата сезона денеска во 17 часот на Градскиот стадион во Скопје, го игра градското дерби против Работнички. Вардар во првите две кола има освоено еден бод, а и натаму чека на првиот постигнат гол во новата сезона.

Ги повикуваме сите Вардарци, Комити, да дојдат попладнево на Градскиот стадион во Скопје, да му дадеме голема поддршка на нашиот миленик како на натпреварите со Македонија ЃП и Борец, а на крајот да се радуваме на голема победа на нашиот тим.

Собирот за Комитите ќе биде во 16.00 часот на добро познатата локација Фонтана Парк, додека пак сите останати симпатизери на клубот, ќе можат да си набават билет по цена од 100 денари на билетарницата непосредно до Академијата на ФК Вардар.

Се гледаме на стадион. Напред Вардар!