Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марко Кизиќ во ТОП-5 најдобри голмани на СП, според бројот на одбранети удари
Марко Кизиќ во ТОП-5 најдобри голмани на СП, според бројот на одбранети удари

Марко Кизиќ во ТОП-5 најдобри голмани на СП, според бројот на одбранети удари

Кадетската ракометна репрезентација заврши на 13.место на Светското првенство, кое се одржуваше во Скопје. Избраниците на Брестовац беа елиминирани во осмина-финалето од селекцијата на Португалија, додека во борбата за пласман на 13.позиција ја победивме селекцијата на Аргентина.

На ова СП, Вардар го претставуваа тројца ракометари. Тоа беа голманот, Марко Кизиќ, потоа Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски. Големата голманска надеж на Вардар, може да се пофали со податокот дека се најде во ТОП-5 најдобри голмани, според бројот на одбранети удари.

Мундијалот, Марко Кизич го заврши со вкупно 63 одбрани, од 198 упатени удари кон голот на Македонија. Марко имаше 32% на успешни одбрани, или по 9 интервенции на натпревар, бројки, кои го сместија на високото 5.место на најдобри голмани на Светското кадетско првенство. Прв беше голманот на Египет, кој имаше и два натпревари повеќе на мундијалот, селекцијата која го освои златниот медал.

vardarfans-statistika