Saturday ,21 September 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи на пријателските натпревари за сите генерации на ФК Вардар
Победи на пријателските натпревари за сите генерации на ФК Вардар

Победи на пријателските натпревари за сите генерации на ФК Вардар

Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар ги играат последните контролни натпревари пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Помладите пионери на теренот во населбата Јане Сандански ја победија екипата на Форца. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:0. По еден гол постигнаа Бесар Гуџуфи, Ибраим Левент, Никола Павлески и Идризи.

Вардар: Тасев, Љушев, Каровски, Ивановски, Анчевски, Дошев, Јаневски, Хајдари, Стојановски, Гуџуфи, Перковски

Пионерите на ФК Вардар на теренот на Академијата успеаа убедливо да ја совладаат екипата на Њу Старс, со конечен резултат од 4:0. Истиов резултат беше актуелен и по првото полувреме. Хет-трик на овој дуел постигна Георг Стојановски, додека еден гол постигна и Славче Живков.

Вардар: Стојковски, Давков, Ѓорѓиевски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Тасевски, Стојчевски, Мирков, Живков, Стојановски.

Победа денес забележа и генерацијата 2005 во дуелот со екипата на Македонија Ѓ.П. Нашите млади надежи беа убедливи и славеа со резултат 7:1. Кристијан Антевски и Кристијан Таневски постигнаа по два гола, додека по еден гол беа дело на Никола Величковски, Тино Спасиќ и Горјан Цветков.

Вардар: Илиевски, Таневски, Кулуковски, Николовски, Јакимовски, Цветков, Спасиќ, Серафимов, Јовановски, Антевски, Величковски.

Активна беше и генерацијата 2006 која стигна до нов триумф, во подготвителниот период. Противник за нашите млади надежи беше екипата на Шкендија, која ја совладавме високо со резултат 10:0.

Вардар: Данстак, Николов, Ордевски, Спасовски, Ајетовиќ, Миовски, Нурединовски, Величковски, Николовски, Алији, Динов.