Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Спартак „разоружан“, Ристова дебитираше со висока победа на клупата на ЖРК Вардар
Спартак „разоружан“, Ристова дебитираше со висока победа на  клупата на ЖРК Вардар

Спартак „разоружан“, Ристова дебитираше со висока победа на клупата на ЖРК Вардар

ЖРК Вардар во својот прв пријателски дуел во новата сезона успеа да го совлада Спартак со резултат 33-21. Драгана Ристова дебитираше со победа во првиот меч како прв тренер на Суперлигаш.

1-2

Дуелот почна со одбрана на Илиќ на нашиот гол, тоа во напад го награди Ангела Костовиќ со погодок за отварање на мечот. Поведовме со 4-0, ривалот немаше голман, па Грујовска го бранеше нивниот гол таа впиша интервенција која потоа Спартак ја награди со два погодоци за 4-2. На нашиот гол Илиќ сопра два удара, одбраната беше на ниво. Во напад погодуваа Гоцеска, Џатевска и Диневска од крило по што се одлепивме на високи 8-2. Следеше пад во нашата игра, кај ривалот „позајмената“ Грујовска врза неколку одбрани и тие се доближија на само два гола 8-6. Доминиравме на теренот, успеавме да отидеме на двоцифрени 18-8 пред самиот крај на првиот дел. Со резлтат 19-8 се замина на пауза.

2-2

Вториот дел започна со доста измени на нашиот состав, Ристова даде прилика на целиот ростер. Илиќ сега бранеше за гостите, Грујовска беше на нашиот гол. Ривалот отвори со серија 1-4, Илиќ сопра неколку наши удари па тие намалија на 20-12. Катерина Дамјановска ја прекина оваа серија со убав гол за водство 21-12. На средината од ова полувреме беше 24-17 за црвено-црниот тим, Илиќ која во овој дел го бранеше голот на ривалот забележа нова одбрана, на спортивната страна Грујовска одговори со одбранет пенал.

3-2

По одлично фрлена контра од нашиот голман, Бојана Диневска молскавично го претрча целиот терен и погоди за 25-17. Потоа Гроздановска Ангела, Гоцевска Марија и Фани Ѓорѓиевска врзаа два гола па поведовме со двоцифрени, 28-17. Повторно ротиравме во составот деби имаше за Вардар новиот пикер Јана Паковска, таа одиграа задоволително и успеа да погоди на дебито. Победата дојде со резултат 33-21.

69267326_10215045843001691_385771454265819136_n

Кај нас Фани Ѓорѓиевска имаше пет гола, Трпевска Ивана имаше четири,  по три имаа Џатевска Ивана, Марија Гоцевска и Златица Васевска. Голманките бранеа по едно полувреме за двата тима првиот дел го завршија со по девет одбрани, во вториот дел Илиќ додеде исто толку на голот на Спартак, Грујовска на нашиот гол додаде четири одбрани.