Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > КОНЕЧНО!!! Вардар триумфално се врати на Градски, победа со 2-0 над Работнички
КОНЕЧНО!!! Вардар триумфално се врати на Градски, победа со 2-0 над Работнички

КОНЕЧНО!!! Вардар триумфално се врати на Градски, победа со 2-0 над Работнички

Вардар денес го пречека ФК Работнички во Градското дерби, дуелот беше дел од 3.коло од сезоната 2019/2020. Повторно бевме домаќини на Градскиот Стадион по речиси една година, оваа средба го „скршивме малерот“ погодивме по 235.минути и конечно на голема радост на сите играчи и симпатизери на Вардар  победивме со 2-0.

69413705_2378927932154039_7616483093334982656_n

Васоски мечот го започна со овие 11 момци: Гачевски, Новак, Серафимов, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Мицевски, Жуниор, Адем, Аврамовски и Колевски.

Дуелот започна со мирна игра на средината на теренот, двата тима ги испитуваа силите на почетокот. Прв се закани Работнички, нашиот ривал се обиде со два удара од дистанца во 7 и 8.минута. Сепак на нашиот гол Филип Гачевски беше на ниво на задачата. Ние се заканивме во првиот дел во три прилики. Во 11.минута Аврамовски се обиде, сепак одбраната блокираше и топката заврши во корнер. Во 29.минута Колевски беше на 13-14.метра упати одличен удар, топката закачи еден од одбранбените играчи и заврши во нов корнер за црвено-црниот тим. Последна шанса имавме во 39.минута одличен слободен удар изведе Мицевски, голманот Шишковски кратко одби, на таа топка налета Колевски кој од непосредба близина не успеа да погоди. За одбележување во првиот дел е и 44.минута кога беше соборен во казнениот простор на „Романичарите“, Аврамовски сепак и покрај негодувањата на нашиот тим судијата Јакимовски не покажа на белата точка.

69055779_2378928238820675_2633073376335233024_n
Вардар тргна офанзивно во вториот дел, во првите пет минути ние имавме иницијатива. По еден слободен удар во 50.минута од само 10сетина метра Серафимов ја погоди стативата од голот на црвено-белите. Вардар беше поактивен во овој втор дел, советите на одморот на Васоски вродиле со плод. Конечно по 235.минути сезонава првпат погодивме, во 55.минута Колевски стрелаше по една мешаница за 1-0. Противникот се закани по само три минути, Тијаго за наша среќа од десетина метра шутна крај десниот директ. Комити беа можеби во помал број од изминатите два меча, но цело време го поддржуваа својот миленик, голот донесе вистинска славеничка атмосфера на западната трибина. Васоски во 68.минута го повлече првиот потег од клупата, Цветановски Матеј влезе во игра на место на стрелецот на голот Бојан Колевски. Мицевски и Серафимов се заканија во 82.минута од оваа средба, сепак топката не заврши во мрежата на ривалот од Градски парк. Мицевски на 3.минути до крајот промаши голема шанса, неговиот удар не заврши за малце во мрежата. Аврамовски во судиското продолжение погоди за 2-0, тоа беше печат на победата. Toj во финишот му го остапи местото на Ибиши.

68830513_2378927855487380_2776592521734651904_n
Со оваа победа по три одиграни кола имаме четири бода, најважно покрај триумфот е и конечното прекинување на голгетерскиот пост на црвено-црните момци.