Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар подобри од Ал Аин, на пријателски натпревар
Кадетите на ФК Вардар подобри од Ал Аин, на пријателски натпревар

Кадетите на ФК Вардар подобри од Ал Аин, на пријателски натпревар

На терените на ФФМ во текот на вчерашниот ден, пријателски натпревар одиграа кадетите на ФК Вардар кои успеаа да ја победат екипата на Ал Аин од ОАЕ.

Избраниците на Филип Деспотовски славеа на овој меч со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Абдула Хасани и Ветон Туша.

Вардар: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Костовски, Мицевски, Салиу, Гугуљанов, Речица, Игнатов, Хасани, Туша, Исени.

На 31.август стартува новата сезона, во првото коло вардаровите кадети на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Победа.