Денеска со почеток во 16 часот и 30 минути започнува последното коло во првата македонска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2015/16. И оваа сезона ФК Вардар е шампион на Македонија, што значи дека нашите момци ја одбранија титулата од минатата сезона, и титулата ќе остане таму каде што највеќе треба да припаѓа, а тоа е во витрините на најтрофениот фудбалски клуб во земјава.
По долгата и напорна сезона, време е да уживаме во релаксирани 90 минути без никакво резултатско значење. а потоа сите заедно да ја прославиме новата, љубилејна десетта титула во витрините на нашиот ФК Вардар. По одигрувањето на 90 минути, вообичаено ќе следува церемонијата на која и официјално ќе му биде врачен новиот пехар на Вардар.
Дојдете утре на стадион, и во една опуштена и пријатна атмосфера да го бодриме нашиот тим, а потоа заедно со фудбалерите и стручниот штаб да се радуваме на оваа љубилејна десетта титула и излезот во квалификациите за Лигата на шампионите.