Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир на “пријателство 2016“ во БиХ
Пионерите на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир на “пријателство 2016“ во БиХ

Пионерите на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир на “пријателство 2016“ во БиХ

Во периодот од 24-29-ти мај, пионерите на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир на “пријателство“ во Бијелина (БиХ). Учество ќе земат вкупно 16 екипи од Балканот, кои ќе бидат поделени во четири групи, составени од исто толку екипи. Ќе се игра по системот секој со секого, а само првопласираните од групите ќе се пласираат во полуфиналните натпревари. Веќе трета последователна година учествуваме на истиов турнир, откако пред две години Вардаровата генерација родени 2000 година, предводени од Сашо Јанев малку фалеше да се пласираат во полуфиналето. Минатата година пионерите беа дел од турниров и ги завршија настапите во групната фаза, со смао еден освоен бод од три одиграни мечеви.

Избраниците на Сашо Тодоровски викендов го играат последното коло. Гостуваме во Куманово на екипата на Милано и со триумф би ја освоиле шампионската титула и со тоа би ги обединиле двата трофеи, откако претходно го освоивме купот. На турнирот на “пријателство“ се наоѓаме во групата Б, заедно со екипите на Паризан, Осијек и Сараево.