Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Долг беше патот до врвот за генерација “2007“, нашите најмлади надежи станаа шампиони на Македонија
Долг беше патот до врвот за генерација “2007“, нашите најмлади надежи станаа шампиони на Македонија

Долг беше патот до врвот за генерација “2007“, нашите најмлади надежи станаа шампиони на Македонија

Најмладата Вардарова генерација која оваа сезона се натпреваруваше во детската лига, момчињата родени 2007 година успеа да стане шампиони на Македонија во својата генерација. Долг беше патот за малите “лавчиња“ на тренерот Томче Стојановски до посакуваната цел. Оваа генерација се натпреваруваше со две свои екипи во текот на целата сезона од детската лига. Екипите беа поделени како Вардар (1) и Вардар (2), но мора да се напомене дека во секое коло кое следуваше, тренерот Трајановски ги мешаше двете екипи со различен состав. Значи сите играчи имаа можност да играат и во двете екипи и затоа сите подеднакво се заслужни за големиот успех на крајот од сезоната. Ќе направиме сепак посебен преглед на двете екипи во регуларниот дел од сезоната, како и во оние елиминациски натпревари. Вкупно 23 победи од кои 12 во пролетниот дел, еден нерешен резултат и два порази за ФК Вардар (1) во текот на регуларниот дел од детската лига. Ако тука се додадат и шест победи во елиминацискиот дел, тоа се вкупно 29 победи за оваа екипа.

Ова се сите остварени резултати во пролетниот дел од сезоната:

14 коло: Вардар (1) – Вардар (2)  1:2

15 коло: Вардар – Нова Колонија 2:0

16 коло: Вардар – Шкупи  5:0

17 коло: Вардар – Скупи (2)  2:1

18 коло: Вардар – Спорт Ефе 1:0

19 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  3:0

20 коло: Вардар – Работнички 5:0

21 коло: Вардар – Њу Старс (1)  1:0

22 коло: Вардар – Њу Старс (2)  3:0

23 коло: Вардар – Смилковци  5:0

24 коло: Вардар – Форца  3:0

25 коло: Вардар – Куманово  2:1

26 коло: Вардар – Кул  4:1

Во елиминацискиот дел оваа екипа мораше да одигра дури три натпревари за да стигне до четвртфиналето. Тука немавме поголеми проблеми и со убедливи резултати ги добивавме противниците.

Елиминациски натпревари:

-Вардар – Македонија Ѓ.П  3:1

-Вардар – Форца  4:0

-Вардар – Скупи  8:1

Во еден ден на терените на фубалската федерација на Македонија се одиграа четвртфиналните и полуфиналните мечеви. Ја продолживме серијата на победи и успеавме да се пласираме во големото финале.

1/4  Вардар – Топ Гол  6:1

1/2 Вардар – Фер Плеј  3:1

Во големото финале за противник ја имавме екипата на Нова Колонија. Нашите млади надежи беа подобра екипа во текот на целиот меч и заслужено однесоа победа, која им го донесе златниот медал во оваа генерација.

ФИНАЛЕ: ВАРДАР – Нова Колонија  2:0.

ФК Вардар (2) исто така имаше успешни игри и резултати, тие своите настапи во детската лига ги завршија во елиминацискиот дел. Сите резултати на оваа екипа во пролетниот дел. Вкупно 14 победи, 4 нерешени резултати 8 порази за оваа екипа во текот на регуларниот дел од сезоната. Во елиминациските натпревари беа постигнати по еден триумф и пораз.

14 коло: Вардар (2) – Вардар (1)  2:1

15 коло: Вардар – Кул  4:2

16 коло: Вардар – Нова Колонија 1:3

17 коло: Вардар – Скупи (1)  7:0

18 коло: Вардар – Скупи (2)  1:1

19 коло: Вардар – Спорт Ефе  2:1

20 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П   5:0

21 коло: Вардар – Работнички  3:1

22 коло: Вардар – Њу Старс (1)  2:2

23 коло: Вардар – Куманово  0:1

24 коло: Вардар – Форца  1:5

25 коло: Вардар – Њу Старс  6:0

26 коло: Вардар – Смилковци  1:5

Во елиминациските натпревари оваа екипа ги заврши настапите во детската лига. Најпрво забележавме триумф во дуелот со тимот на Скупи (2) со резултат 1:0, додека бевме поразени од екипата на Спорт Ефе со 2:1.

Тука ги имате сите остварени резултати од есенскиот дел на сезоната, каде исто така бевме есенски шампиони.

Секоја чест за нашите најмлади надежи, кои не направија среќни со освеното прво место. Вардаровиот голман Лука Јаневски ја доби наградата за најдобар голман.Во наредните наши текстови ќе ве запознаеме и со најдобрите стрелци на оваа генерација.

518