Избраниците на Игор Кралевски младите фудбалски надежи од генерацијата 2006 остварија нова победа на контролен дуел со екипата на Форца. Тие дојдоа до четвртата последователна победа од исто толку дуели кои ги одиграа како тест-мечеви по крајот на детската лига.
За нив следен предизвик е утре на завршниот осми турнир во вардаровата фудбалска Јуниор лига која ќе се одигра на терените на Фудбалската Академија на ФК Вардар во градски парк. Тие од 09:30 часот ќе играат со ФК Ново Лисиче, а во 10:50 часот ќе се сретнат со ФК Куманово Еуроспорт-Вардар. На мечот со Форца одигравме одлично и победивме со “двојна петарда“, мечот заврши 10-2. По двапати стрелаа успешно за нас Михаел Танчев, Давид Голубов, Максим Цониќ, а по еднаш стрелаа Стефан Коловски, Дамјан Крстевски, Марко Николовски и Матеј Гаштаров. Пулените на Кралевски покажаа дека се во одлична форма пред утрешниот завршен турнир и дека се една од најдоминантните екипи на црвено-црните.