Многу лесно може да се случи следната сезона од 12 тима во најсилната машка ракометна конкуренција во земјава дури три колектива да се црвено-црни. Оваа сезона во суперлигашкото друштво покрај првиот тим на РК Вардар за првпат играше и тимот предводен од Пепи Манасков РК Вардар Јуниор, а од следната може да се придружи и РК Вардар-2. Избраниците на Стојан Петрушевски ја завршија сезоната во Првата лига на второто место од табелата со што обезбедија бараж за влез во Супер лигата.
Тие во последното коло одиграа меч на гости во Куманово кај истоимениот машки ракометен тим и однесоа минимална победа од 22-23. Последниот дуел со РК Куманово од оваа натпреварувачка 2015/2016 во првата лига за нас беше без резултатско значење, избраниците на Петрушевски истиот го одиграа без посебен терет бидејќи и пред ова коло беше познато нашето учество во бараж дуелот со екипата на ГРК Борец од Велес која е предпоследнопласана во Супер лигата. Мечот го отворивме со водство на почетокот, водевме повремено и со два погодока, сепак постоеше голема опуштеноста па домашниот тим успеа во последните минути од првото полувреме најпрво да го израмни резултатот, па потоа и да поведе со 15-14 резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел на самиот почетокот РК Куманово имаше водство, сепак ние успеавме да се консолидираме и да поведеме со 19-20. Потоа до крајот поведовме и со клучните за победа 21-23, единствено што успеаа ракометарите на домаќинот до крајот да намалат на 22-23 резулат со кој заврши мечот. Второто полувреме го завршивме со два гола позитива доволна за победа на овој дуел. Сосема одлична сезонава е зад тимот на РК Вардар-2, забележани се 19 победи од одиграни 21 мечеви, со овие победи освоивме 57 бода што ни донесоа сигурна втора позиција на која завршивме со голема бодовно предност пред другите екипи во лигата. Вардар 2: Кизиќ, Димов 5, Димовски 5, Анастасовски 2, Димитриевски 4, Виларов, Стошиќ 2, Брауновиќ, Димитровски 2, Кукуловски, Крстевски 2, Димковски, Ончев 5, Наумовски