Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Ѓорѓи Дошев: Среќен сум и горд што играм во најдобриот и најголемиот клуб во Македонија, кој располага со европски стандарди за тренинг и работа
Ѓорѓи Дошев: Среќен сум и горд што играм во најдобриот и најголемиот клуб во Македонија, кој располага со европски стандарди за тренинг и работа

Ѓорѓи Дошев: Среќен сум и горд што играм во најдобриот и најголемиот клуб во Македонија, кој располага со европски стандарди за тренинг и работа

Генерацијата родени “2005“ година е една од најуспешните Вардарови во оваа натпреварувачка сезона од детската лига. Член на истата која ја предводи Игор Кралевски е Ѓорѓи Дошев, кој е еден од подобрите играчи во оваа генерација. Задолжен за пробив по крилните позиции и голема опасност кон голот на противничките екипи. Дошев е четврти најдобар стрелец на својата генерација во есенскиот дел од сезоната, со голема заслуга за добрите резултати на екипата. Располага со големо чуство за фудбалската игра и доста интересен играч на теренот. Во следното интервју ве запознаваме комплетно со ова младо надежно момче.

1. Како ја добивте желбата да започнете да тренирате фудбал. Кој беше вашиот прв клуб и тренер со кој имавте можност да ја учите фудбалската игра ?

-Мојата желба потекна уште како мал, на четири години го добив првиот фудбал и почнав да играм, а на пет години почнав активно да тренирам. Мојот прв клуб беше ФК Гоце Делчев каде работев со двајца тренери, тоа беа Јовица Илиевски и Диме Урџанов.

vardarfans-gener-20051-660x330-660x289

2. Вашата генерација стана есенски шампиони со двете екипи. Продолживте со добрите игри и победи и во пролетниот дел од сезоната каде сеуште имате максимален број на освоени бодови. На што се должи овој успех на вашата генерација ?

-Имаме добри подготовки со тренерот Игор Кралевски. Тренираме четири пати во неделата, имаме редовно натпревари, се чуствуваме одлично и тоа придонесува за нашите добри резултати. Се обидуваме на секој натпревар да дадеме максиум од себе и никогаш да не го потценуваме противникот. Пред секој меч меѓусебно се бодриме со верба дека можеме да го победиме секој противник. Колективноста ја краси нашата генерација, што е исто така важен фактор за добрите игри во оваа натпреварувачка сезона. Се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо и на наредните натпревари.

3. Оваа сезона имате можност да работите со Игор Кралевски кој има големо играчко искусто. Каков тренер е тој и дали има напредок кај вашата генерација по неговото превземање ?

-Тренерот Игор Кралевски ни ја пренесува својата фудбалска идеја ни помага, подржува и ни укажува на грешките што ги правиме на тренинзи и на натпреварите. Затоа сметам дека Кралевски е одличен тренер. Знаеме дека можеме многу да научиме од него, неговото искуство е секако непроценливо и од голема помош за нас младите кои во иднина треба да се оформиме во професионални играчи. 

176

4. Во месец февруари бевте дел од силен меѓународен турнир “Балканика куп“, на кој го освоивте одличното петто место. Колку сте задоволни од гостопримството на организаторот, како и од вашите игри и постигнати резултати ?

-На турнирот имавме добри услови за натпреварување. Хотелот во кој што бевме сместени беше одличен, терените исто така беа одлични. Одигравме четири натпревари од кој што три победивме и една изгубивме и на тој натпревар имавме многу шанси ,но примивме гол во последните минути. На крајот поради гол разликата не се пласиравме во полу-финалето. Мое мислење е дека имавме најдобра екипа и дека заслужувавме да играме во финале и да го освоиме првото место. На вакви меѓународни турнири со силни екипи се добива големо искуство и се надевам дека ќе има уште многу вакви собири каде ќе можеме да го покажеме својот квалитет. 

269

5. Кое е вашето мислење за проектот на ФК Вардар, наречен “Јуниор“ лига ?

-За мене “Вардар Јуниор Лигата“ има големо значење за Македонскиот фудбал. Во “Јуниор“ Лигата има школи од цела Македонија. Преку оваа лига стекнуваме пријателства со децата од другите градови.

6. Како играч на Вардар колку сте задоволни од условите што ги пружа клубот за вашиот напредок и тренажен процес ?

-Без конкуренција Фудбалската Академија на  Вардар ги има најдобрите услови во Македонија, за да се развива еден фудбалер. Тука мислам од терени, простории, тренери,организација и се останато. Желба на секое дете е да тренира во ваков клуб кој има европски стандарди, а токму ние ја имаме привилегијата да бидеме во најдобриот Македонски клуб.

vardarfans-dosev

7. Што претставува за вас играњето во Вардар ?

-За мене играњето во ФК Вардар е едно големо искуство. a. Вардар е број еден бренд во нашата држава, за кој настапувале многу фудбалски легенди.

8. Кои се очекувањата за до крајот на сезоната. Дали Ѓорѓи има некоја цел и желба за во иднина ?

-Мислам дека до крајот на оваа сезона нема да имаме пораз и убедливо ќе го освоиме првото место во детската лига. Мојата цел е да играм во првиот тим на ФК Вардар и за некои други Европски екипи. Секако сон е да играм и за репрезентацијата на Македонија.

189

Звонко Ивановски