Friday ,14 June 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Михајло Костовски: Преку “Јуниор“ лигата се афирмира Македонскиот ракомет од најмали нозе
Михајло Костовски: Преку “Јуниор“ лигата се афирмира Македонскиот ракомет од најмали нозе

Михајло Костовски: Преку “Јуниор“ лигата се афирмира Македонскиот ракомет од најмали нозе

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата продолжува успешно да се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 24 ракометни школи низ целава држава, земаат учество во овој проект на РК Вардар, кој се покажува како многу успешен. Една од школите која со голем успех се натпреварува во лигата е РК Преспа од Ресен, која е актуелен освојувач на истата, како и на последниот зимски турнир, кај генерација “2002/03. Нивни член е Михајло Костовски.

1. На колку години започнавте да играте ракомет и зошто се одлучивте за овој спорт ?

-На шестгодишна возраст започнав со ракометот, па потоа почнав да тренирам фудбал. Сепак  повеќе ме влечеше ракометот, затоа се вратив да го тренирам овој спорт.

2. Каде се одвиваат вашите тренинзи и колку пати неделно работите ?

-Тренираме во спортската сала “Зоран Стојановски“. Наш тренер е Иван Ангелковски, тренираме три пати во неделата а некогаш и повеќе.

3. Колку сте задоволни од дсегашните одиграни натпревари и постигнати резултати во лигата ?

-Со оглед на тоа дека немаме ни еден претрпен пораз и сме први во групата, задоволни сме од досегашната тимска игра со моите соиграчи. Се надевам дека така ќе продолжиме до крајот на лигата.

4. Кое е вашето мислење за “Јуниор“ лигата ?

-Моето лично мислење за Вардар Јуниор Лигата е дека преку лигата се афирмира македонскиот ракомет од најмали нозе. Уште позначајно е што ни овозможува континуирано секоја недела да играме натпревари со различни противници што е многу важно за нашиот развој како играчи.

5. Што е она највпечатливото во ова натпреварување ?

-Највпечатливо во “Јуниор лигатата е  играњето повеќе натпревари, надигрувањето со своите врсници, зголемување на нашите познанстава. Да учиме еден од друг, како и можноста да играме во одлични услови какви секој би посакал. Лигата е одлично организирана, играме во модерни сали, натпреварите започнуваат на време. Имаме професионални судии и силна конкуренција.

6. Која е целта на вашата екипа преку настапите во “Јуниор“ лигата ?

-Наша цел и цел на нашиот тренер Иван Ангелковски е да бидеме најдобри.Со примена на неговото знаење и нашата упорност стигнавме на врвот. Како и претходната така и оваа година се надевам дека ќе го освоиме првото место во генерацијата родени 2002/2003 година.

7. На турнирот Вардар, еден живот, една љубов, освоивте прво место. Какви се впечатоците од овој турнир ?

-Турнирот за нашата генерација се одигра во два дена, што за нас претставуваше малку напорно со силно темпо на одигрување на натпреварите. Мислам дека пред почетокот на истиот бевме најголеми фаворити за тоа прво место и на крајот целосна ја оправдавме таа улога. Не не плашеше ниеден противник, знаевме дека поседуваме квалитет да се надигруваме со секој и на крај дојде трофејот за најдобри во оваа генерација. 

Звонко Ивановски