Сезоната заврши за младите генерации на Фк Вардар кои се натпреваруваа во првенството и купот на Македонија. Правиме преглед на стрелците на сите постигнати погодоци за пионерите во изминатата сезона. На оваа листа, капитенот Дејан Маркоски е убедливо најдобар поединец и стрелец во својата екипа.
1. Дејан Маркоски 18 ( 12-првенство) ( 6-куп)
2. Александар Трајчевски 7 ( сите во првенството)
3. Филип Таневски 5 ( 4-првенство) (1 -куп)
4. Дамјан Петревски 3 ( 2-првенство) (1-куп)
5. Андреј Милевски 3 (првенство). Андреј го пропушти вториот дел од сезоната поради повреда и не забележа ниту еден настап.
6. Никола Серафимов, Михаил Геговски, Никола Димовски, Дамјан Менкиноски, Андреј Скендерски, Христијан Гавровски, Александар Георгиевски (сите по еднаш се запишаа во листата на стрелци за оваа сезона).
Да напоменеме дека Дејан Маркоски забележа 4 настапи и за кадетската екипа, каде успеа да постигне 3 погодоци.
Фото: ТК Медиа