Љубинко Друловиќ селекторот на македонската фудбалска А-селекција денес го објави списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви за Европското првенство против Лукесембург на гости и Шпанија на домашен терен .
Помеѓу повиканите за А-селекцијата се и двајцата членови на црвено – црните голманот на Вардар и капитен на репрезентациата на Македонија Томе Пачовски и Никола Глигоров играч од средниот ред на ФК Вардар . Повеќе од сигурно е дека Пачовски ќе биде стартер на двата дуела гледајќи ја неговата форма во домашното првенство и тоа што неколку меча наназад е прв избор во А-селекцијата за местото помеѓу стативите . Глигоров повторно е повикан по пауза од еден меч кога со Словачка не беше во комбинација за црвено – жолтиот национален дрес .
Со Луксембург во гости мечот е закажан на 5-ти Септември , а дуелот со моќната Шпанија е закажан за 8-ми Септемви на празникот на независноста на нашата земја на Арената Филип втори .