Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес официјално беше претставен “Вардар турнирот“ во машка и женска конкуренција
Денес официјално беше претставен “Вардар турнирот“ во машка и женска конкуренција

Денес официјално беше претставен “Вардар турнирот“ во машка и женска конкуренција

Денес на прес конференција беше претставен турнирот во машка и женска конкуренција, кој ќе биде организаран од ракометниот клуб Вардар. Истиот ќе се одвива во периодот од 24-ти август до 1-ви септември, на кој ќе учествуваат квалитетни екипи.

-Доаѓаат Металург, Кристијанстад, Краснодар, Нексе и Чеховски Медведи на машкиот турнир. Будуќност, Подравка, Лајпциг, Савехоф и Ростов Дон на женскиот . Секој ден ќе има по два меча, кои ќе се емитуваат на директен пренос на МТВ. Последниот ден, в четврток ќе има три меча за пласман. Сите екипи доаѓаат во полн состав и затоа очекуваме добри и квалитетни натпревари, изјави Билјана Црвенковска, заменик директор на РК и ЖРК Вардар.

Веќе се пуштени и билетите за турнирот, кој можете да ги набавите на билетарата на С.Ц. Јане Сандански. Истите ќе бидат еднодневни за два натпревари и ќе чинат 200 ден. ВИП билетите ќе се продаваат по цена од 400 ден. Наградите за прво пласираните во двете конкуренции ќе изнесува 15.000 за победникот во машкиот дел и 5.000 евра за екипата која ќе триумфира во женскиот дел на турнирот. Планирано е оваа организација да стане традиција на ракометниот клуб Вардар.

-Сакаме турнирот да биде традиционален и да се одржува секоја година. Годинава ќе биде по повод првиот роденден на ‘Јане Сандански’ и на хотел ‘Русија’, а за следната сезона не знаеме однапред, затоа што ќе се играат квалификации за Рио, календарот ќе биде густ и не знаеме кои екипи и играчи ќе бидат на располагање, дополни Црвенковска.

По повод првиот роденден на “С.Ц. Јане Сандански“ и “хотел Русија“, на јавноста се обрати и директорот на хотел Русија, Виолета Ангелковска.

-Повеќе од 40 клуба минатата сезона беа гости во хотел ‘Русија’. За нашиот квалитет и високото ниво на работа сведочат и многуте награди кои ги добивме. За најдобра архитектура во 2015 година, за најдобар промотор во 2015 година, за најдобра спа-инвестиција на Балканот. Ние сме единствен спој на Балканот каде што хотел работи во склоп на спортски центар. На тој начин спортистите добиваат целосна услуга, со простор за физичка подготовка, за релаксација, со храна прилагодена за нив. Хотел ‘Русија’ располага со спортски центар ‘Кинетикус’, со спа-центар и најновиот скајбар, кој се наоѓа на 8. кат. Покрај тоа што турнирот ќе се одржи во чест на првиот роденден, ќе организираме и роденденска забава на 29 август, изјави Ангелковска.