Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Скандал: ФФМ драстично ја намали казната на Шкупи
Скандал: ФФМ драстично ја намали казната на Шкупи

Скандал: ФФМ драстично ја намали казната на Шкупи

Фудбалската Федарација на Македонија шокантно ја намали казната на Шкупи од 10 на само 3 натпревари казна без домашни навивачи.  Сите се сеќаваме на овој немил настан кој се случи на Чаир, кога младинците на Вардар беа подложени на вистински линч од страна на навивачите на овој чаирски клуб. Нашите млади деца спасуваа ”жива глава” од Чаир, при што тројца наши играчи завршија со повреди. По овој тежок инцидент ФФМ го казни Шкупи со 10 натпревари, Шкупи веќе еден натпревар одработи без публика, но се до денес, кога пристигна оваа шокантна одлука од ФФМ, казната да се намали на ”огромни” три натпревари.

Залудно ФФМ пред некое време јавно презентираше некој нови чекори, за намалување на ваквите инциденти, насилства, но по ова јасно се гледа дека сето тоа падна во вода за само некој месец….
Жално и срамно!
Dokumenti: sportmedia.mk