Денес започнува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Ждрепката сакаше уште во првото коло да се одигра градското дерби, помеѓу екипите на Вардар и Работнички.
Помладите пионери на Фк Вардар, предводени од тренерот Сашо Јанев се дебитанти во домашното првенство. Пионерите ќе ги води Сашо Тодоровски, кадетите Влатко Колев и младинците Љупчо Марковски-Калц. Ви го презентираме распоредот на одигрување на првото коло на сите наши категории.
1. ФК Вардар (помлади пионери)-Фк Работнички, сабота 10:00 стадион-Локомотива
2. Фк Вардар (пионери)- Фк Работнички, сабота 12:00 стадион-Локомотива
3. Фк Работнички-ФК Вардар (кадети), недела 09:00 стадион-Алумина
4. Фк Работнички-ФК Вардар (младинци), недела 11:00 стадион-Алумина.
Фото: Тк Медиа