Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Награден фонд од 39.000 евра на ”Вардар Турнир”
Награден фонд од 39.000 евра на ”Вардар Турнир”

Награден фонд од 39.000 евра на ”Вардар Турнир”

На првиот ракометен турнир кој го организира нашиот клуб, наградниот фонд ќе изнесува 39.000 евра во касата за најуспешниот тим. Турнирот оваа година се огранизира во чест на СЦ „Јане Сандански” и хотел „Русија, кој прославуваат една година работа. Сите екипи на овој турнир се со големо искуство, и име во Европа. На овој турнир ќе се одиграат по два натпревари на ден. Сите љубители на Вардарци, ќе можат да си набават билет по цена од 200 денари за два натпревари во денот.

 Победникот во машка конкуренција ќе добие награден фонд од 15.000 евра, второпласираниот од 10.000 евра, и третопласираниот 5.000 евра.

 Додека пак на женскиот турнир, најдобрата екипа ќе добие 5.000 евра, втората 3.000, и третата 1.000 евра.
  Овој турнир од Вардар планираат да премине во традиција секоја година.
Фото: rkvardar.mk