Младите генерации на фудбалскиот клуб Вардар со победи стартуваа на меѓународниот младински турнир “Фер плеј куп“ кој се одржува во Охрид.
Вардаровата генерација родени “2004“ предводени од Филип Арсовски го забележаа првиот триумф, против екипата на Фк Прилеп. Конечниот резултата беше 2:0 во корист на нашите момци. Стрелци на головите беа Горан Здравковски и Георг Стојановски.
Уште една наша генерација “2007“ се натпреварува на овој турнир. Тие на стартот одиграа два натпревари и на двата дуели забележаа победи. Прв противник беше екипата на ОФС Гази Баба, на кој победивме со резултат 4:2. Во вториот дуел, силите ги одмеривме со тимот на Топ гол(Битола) и остваривме триумф од 2:1.
Натпреварите се играат во едно полувреме кое трае 25 минути. Денес е втор ден на турнирот, на кој продолжуваат со настапи нашите категории.