Денес Љубинко Друловиќ селекторот на македонската А- репрезентација го објави списокот на фудбалери на кои се повикани за квалификациските натпревари против Украина и Белорусија.
Мечот со Украина ќе се игра на 9 октомври на арената Филип Втори, а против играме на Белорусија на гости на 12 октомври и двата дуели се закажани со почеток во 20 часот и 45 минути. Ова се двата последни натпревари од квалификациите за Е.П во Франција-2016. Од нашиот ФК Вардар тројца фудбалери добија покана од селекторот за овој репрезенативен собир тоа се голманот Томе Пачовски , одбранбениот играч Владица Брадаровски и играчот од средниот ред Никола Глигоров.