Во сабота избраниците на Стојан Петрушевски ќе го одиграат второто коло во првата ракометна лига. Противник е екипата на Тиквеш од Кавадарци. Натпреварот ќе се одигра во С.Р.Ц. Кале со почеток од 16 часот. Црвено-црните во одлично расположение го очекуваат овој дуел, после првата победа која ја забележаа во својата премиерна сезона во оваа лига. Иако се натпреваруваат против далеку повозрасни екипи, тоа не е причина за овој млад состав да покаже што знаее и умее. Во првото коло бевме поуспешни на гостински терен, од екипата на Риниа-М, совладувајќи ги со резултат 20:26. Тиквеш беше убедливо поразен на стартот, на домашен терен од тимот на ХЈС Работник со резултат 20:30.
Ова е одлична можност за нашиот тим да го продолжи победничкиот поход во првата лига и да се прикаже во најдобро светло. Лигата брои 12 екипи, а првите две пласирани ќе обезбедат место во насјилната супер лига за наредната сезона.