Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение за двојната викенд програма
Комити соопштение за двојната викенд програма

Комити соопштение за двојната викенд програма

Можеби надвор со купени влезни билети останаа неколку десетици, стотина момци дојдени да го поддржат саканиот клуб да дојде до првиот трофеј сезонава, можеби беа спречени уште исто толку пред билетарите да купат билет, можеби гробарите од ФФМ триеа раце од можноста сочните за нив идеи за немири да се остварат, но не успеаа, Комити беа на висината на задачата! Неконвенционалниот начин на прегледување на документите со можноста за злоупотреба на личните податоци, одземањето по неколку минути по човек дојден да купи билет на билетара, кажуват многу за оние кои тоа го организираа настанот. Диктаторскиот режим на малтретирање на луѓето, дојдени само да следат натпревар е потврдува колку е ФФМ посветена на уништување на фудбалот, колку се решени да ги заплашат и оние малкумина кои одлучиле да проследат натпревар кој треба да биде празник на фудбалот. Не е доволно тоа што фудбалот е во слободен пад и доживеавме да бидеме на рамниште со земји во кои фудбалот е на аматерско ниво. Зошто на некого му е потребно да сокрие од очите на јавноста она што се случува на зелените терени?

Со деструктивната стратегија успејаа да спречат голем дел од нас да бидат со нас овојпат, но тоа нема да не обесхрабри, следниот пат билетите ќе си ги купиме по електронски пат, неколку часа пред почетокот на натпреварот, ќе бидеме поупорни, и само ќе покажеме дека секоја нивна опструкција ќе не направат уште посилни, за љубовта кон Вардар највеќе, за отпорот кој се создава кај секој чесен човек против бруталните неправди кои му се нанесуваат, за карактерот наш кој знае да цени вистински вредности и да осудува злоупотреба на моќ која е добиена од нас, за наша слава, за инает!
На нив не им е местото во ФФМ и сигурни сме дека во блиска иднина тоа ќе се потврди и обзнани, се надеваме со што помали штети за идните генерации. Скандирањата од неутралната публика Врати се Ѕинго кажуваат се, луѓето помеѓу две зла го одбираат помалото!
Тргнавме со нови сили и сега враќање нема! Во недела играме повторно против истиот ривал, ние кои успеавме да влеземе на стадион ќе дојдеме повторно, тие кои не успеаа во недела ќе бидат поупорни и тие ќе дојдат, сите заедно ќе пренесеме на други дека Комити се враќаат, и тие да дојдат да не поддржат во оваа борба. Во недела во организаторот немаме непријател…Не комуницираме, лути сме едни на други но тие се нашето семејство, ќе им покажеме дека сме свои, дека сме непокорни, независни и ќе ги осуетиме сите нивни намери да не разединат. Ќе ја покажеме нашата полнолетност, Вардар е она што е над се и никој нема право да не се надреди над таа величина! Не ни е потребна никаква комуникација со никого за да ја покажеме нашата лојалност, посветеност и силна страст, тоа ќе го покажеме со нашето моќно и громогласно навивање! Во тој контекст повикуваме во недела Комити на двојна програма!
ФК Вардар – ФК Работнички СОБИР Фонтана Парк 13:30ч. – почеток 15:30ч.
РК Вардар…Нашата гордост…Нашиот сон за освојување на Европа…
Нема да дозволиме името Комити никој да го понижи или омаловажи, бесплатните влезни билети за натпреварите на Вардар кои јавно ни се нудат не се причина за нашето присуство покрај нашата љубов, во тој контекст децидно ги одбиваме! Бараме истите да си ги купиме, од билетара. ‘Великодушноста’ нека се покаже на друг начин, не газејќи врз нашата чест, предлагаме средствата клубот да ги намени за развојот на младите категории, за едукација што значи името Вардар во Македонија, да им се вреже на новите генерации духот на вистинските вредности на националната свест, безкомпромисност, некорумпираност…можеби некој од нив некој ден ќе биде на челото на ФФМ.
Повикуваме сите оние кои ќе бидат на отварањето на сезоната во ЛШ во Јане Сандански, да грмат од сите страни, да ја продолжиме традицијата на суверено владеење на домашниот терен, тлото под нозете да се им се тресе на сите оние кои ќе стапнат во нашиот храм.
РК Вардар – РК Пик Сегед почеток 17:30ч. Веднаш по фудбалскиот меч!

Незнам што е ова што ми се случува, но кога игра Вардар тотално полудувам!!!