Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на дуел со Балзан и еден поранешен Вардарец
Вардар на дуел со Балзан и еден поранешен Вардарец

Вардар на дуел со Балзан и еден поранешен Вардарец

Тимот на Вардар денеска ќе го одигра и петтиот пријателски дуел во Словенија, противник ќе ни биде тимот на Балзан од Малта.

Балзан исто како и нашиот тим се подготвува за настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Овој тим изминатава сезона заврши како второ пласиран во својата фудбалска лига зад Валета со три бодови заостанување. Тимот на Балзан е составен воглавно од голем број интернационалци, вкупно десет, кои ја понесуваат играта на овој тим.

dssd

Најдобар стрелец на тимот е Бојан Кајевиќ од Црна Гора кој изминатава сезона постигнал 14 голови на 23 натпревари и со тоа бил трет стрелец во шампионатот на Малта. Покрај него, тука се и бразилците Каду, кој во периодoт од 2009-2013 беше дел од Црвена Sвезда, потоа Оливеира и напаѓачот Леао кој сезонава постигнал 3 гола. Во тимот на Балзан настапува и еден поранешен играч на Вардар. Тоа е Милош Леповиќ, кој во 2008 беше дел од нашиот тим  и одигра 11. натпревари со еден постигнат гол.

Денешниот противник одигра пријателски дуел со Ријека во петокот, кој го загуби тесно, со резултат 2:1. Останува да видиме како ќе се покажат денеска против Вардарци.