Македонија повторно е на на 7-то место на клупскиот ранкинг на ЕХФ. Ова е пред се благодарение на успесите на Вардар во Лигата на шампионите. Нашите момци две години по ред беа дел од Ф4, една година шампиони, а годината претоа стигнаа во топ-8.
Според овој висок ранкинг, Македонија и престојната сезоната 2019-2020 треба да има три екипи во ЕХФ Куп и една во ЕХФ Лигата на шампионите. Сепак, сино-белите од Автокоманда како и Вардар ќе бидат повторно дел од елитната лига преку вајлд-карта, но тие за разлика од црвено-црните ќе се натпреваруваат во неквалитетните групи Ц и Д. Вардар ќе биде дел од елитните групи А и Б и во новата сезона на европската елитна ракометна машка конкуренција.