Паузата во македонската фудбалска лига веќе завршува па така, претстојниов викенд, поточно во сабота ќе започне новата натпреварувачка сезона во првата македонска фудбалска лига. Ждрепката сакаше оваа сезона да почне со дерби помеѓу екипите на Шкендија и Вардар, најголемите претеденти и оваа сезона за освојување на шампионската титула во домашното првенство. Двете екипе веќе се во натпреварувачка форма и стигнаа во последното квалификациско европско коло во Лигата на Европа.
Двата тима играат во плеј-офот од ЛЕ со два европски фудбалски гиганти Милан и Фенербахче, сепак за нив исто така од голема важност е и овој дуел бидејќи нивните дирекнти дуели одличуваат за шампионската титула во земјава. Мечот се игра во сабота на градскиот стадион во Тетово, со почеток од 17-00 часот. Нашиот тим ги има последните подготовки за овој натпревар. Се надеваме дека Вардар со победа ќе ја старува оваа сезона.