Според последните информации, дуелот Победа – Вардар кој е во рамките на осмото коло од ПМФЛ, наместо во недела ќе биде одигран ден порано, односно во сабота и тоа на стадионот во градот Штип.
Ова ќе биде можност за целиот град да дојде и да го гледа најголемиот фудбалски тим во Македонија. Секогаш Вардар кога гостува во Штип, привлекува големо внимание, па така треба да биде и овој пат.
Инаку, пред дуелот со Победа, Вардар игра уште еден дуел и тоа токму денеска на домашен терен против тимот на Силекс.