Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голманот Гедбан пристигна, ги мина лекарските прегледи и се приклучи на Вардар се очекува негово деби со Веспрем
Голманот Гедбан пристигна, ги мина лекарските прегледи и се приклучи на Вардар се очекува негово деби со Веспрем

Голманот Гедбан пристигна, ги мина лекарските прегледи и се приклучи на Вардар се очекува негово деби со Веспрем

Како што официјално известија од РК Вардар, алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан пристигна во Скопје и од денска ќе се приклучи на тренинзите на тимот. Тој ги мина лекарските прегледи  и веќе  му е на располгање на тренерот Роберто Парондо. Тој заедно со Дејан Милосављев ќе го сочинува голманското дуо на црвено-црните.

Новиот голман Гедбан има право за настап во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите, бидејќи навреме беше пријавен во Европската ракометна федерација. Тој доби договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим. Со своите настапи последниве сезони доби доста понуди за настап. Станува збор за голман висок 200 см. за кого се предвидува дека во иднина ќе биде добра перспектива.