Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Воска – Вардар во Струга, ,,стоп” за Комити..
Воска – Вардар во Струга, ,,стоп” за Комити..

Воска – Вардар во Струга, ,,стоп” за Комити..

Дербито на колото, дуелот на Воска и Вардар кој е на програмата во сабота од 17 часот, наместо во Охрид ќе се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга.

Последните информации велат дека стадионот во Охрид ќе бил зафатен следниов викенд, па така дуелот ќе има нова локација, а исто така и на стадионот во Струга немало да може да се примат гостински навивачи..

Ова секако дека нема да им се допадне на ФК Вардар и на ,,Комитите” , па веројатно ќе следи и реакција.