Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар утре гостува кај ГРК Охрид
РК Вардар утре гостува кај ГРК Охрид

РК Вардар утре гостува кај ГРК Охрид

Утре во спортската сала „Билјанини Извори“, РК Вардар гостува кај екипата на ГРК Охрид, на натпревар од 6.коло во домашната Супер лига.

Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, а истиот ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делегат ќе биде Славчо Каланоски од Струга.

Вардар на пет одиграни натпревари има скор од четири победи и еден пораз, додека Охрид е на последното место без победа, со еден нерешен резултат и четири порази.