Во втората кошаркарска лига четирите четвртфинални серии ќе стартуваат веднаш по Велигденските празници, односно веќе од утре.
Според системот „подобар во три натпревари“, Предноста на домашниот терен ја имаат екипите пласирани од 1. до 4. позиција на табелата во регуларниот дел меѓу кои и КК Вардар. Ние утре, среда 27.април сме домаќини на тимот на Баскет Кам.
Дуелот во малата сала „Кале“ ќе се одигра со почеток во 16-00 часот, на истиот за судии се делегирани: И.Митровски, А.Ѓорески и Ф.Филиповски.