Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе го суди мечот на пандевци против најтрофејниот македонски клуб.
Помошници на Ецкоски на овој натпревар ќе му бидат Грданоски Симон и Бакрачески Разме од Струга, четврти судија ќе биде Качевски Јован исто така од Струга.
Дуелот на Ак.Пандев и Вардар, кој е последен за оваа полусезона, се игра в недела со почеток од 13.00 часот на стадионот во Турново.