Покрај Борозан, Фереира и поодамна повредениот Горбок, вардарци на утрешниот натпревар против Келце ќе мораат изгледа и без својот специјалист за одбрана, Глеб Калараш.
Последните информации говорат дека Калараш изгледа нема да може да им помогне на своите колеги за последниот натпревар оваа календарска година, бидејќи на дуелот со Мешков доби директен црвен картон.
Во овие моменти од управата на Вардар чекаат информации дали Калараш е суспентиран или ќе има право за настап на утрешниот дуел.