Тимот на Вардар за нешто повеќе од еден час ќе го започне вториот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Денешен противник на црвено – црните ќе биде тимот на Берое од Бугарија.
Берое есенската полуетапа ја заврши како четвртопласиран тим во бугарската прва лига со 14 бодови заостанување зад лидерот Лудогорец. Берое во својот ростер има голем број на интернационалци како и повеќето бугарски прволигаши.
Во овој тим најдобар стрелец е играчот од Португалија, Педро Еугенио кој нема да настапи на овој дуел поради вирус. Овој играч досега има постигнато осум голови на 20 натпревари во бугарскиот шампионат, по него ветеранот Камбуров има постигнато седум голови. Во составот на противникот има и еден играч од Јапонија, се работи за играчот од средината на теренот Като кој има одиграно 15 натпревари оваа сезона.
Вардар пак, ќе настапи повторно со тенка средина, во ростерот го нема Фелипе и на овој дуел.