Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ништо и од Марментини, Вардар со “трета мајка” ќе бара нов играч од Бразил
Ништо и од Марментини, Вардар со “трета мајка” ќе бара нов играч од Бразил

Ништо и од Марментини, Вардар со “трета мајка” ќе бара нов играч од Бразил

По Јаго Мореира Силва, пропадна уште еден трансфер на “кариока” во редовите на Вардар. Иако начело беше се договорено Густаво Марментини да го засили тимот на Вардар, иако Марментини дојде во Анталија и одма беше пратен во Скопје на медицински тестови, сепак, пропадна и овој трансфер.

Зашто офанзивниот играч не потпиша за Вардар и во последен момент пропадна и овој трансфер е знак прашалник. Сега Вардар ќе треба да тргне во “трета мајка” по нов играч од Бразил.

Инаку, во Анталија досега требаше да пристигне и Фелипе но тој и натаму не е дојден.