Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Мирза Дураковиќ: Купот е нешто посебно, кој секој тим би сакал да го освои
Мирза Дураковиќ: Купот е нешто посебно, кој секој тим би сакал да го освои

Мирза Дураковиќ: Купот е нешто посебно, кој секој тим би сакал да го освои

После Велигденските празници, следуват полуфиналните натпревари во националниот куп кај младинските категории на Вардар. Младинците во среда на теренот во Чаир, гостуваат на екипата на Шкупи. Мечот ќе се одигра со почеток од 15 часот.

-Купот е нешто посебно кој секој тим би посакал да го освои. Така ќе дадеме се од себе да поминеме во среда и да се пласираме во финалето. Ние како тим секогаш одиме на победа, па така ќе биде и утре. Очекувам натпреварот да биде отворен, бидејќи тие треба да атакуваат кон нашиот гол и да постигнат погодок уште на почетокот. Тука ние ќе ја гледаме шансата преку полуконтри и контри да ја затресеме мрежата на противникот, бидејќи имаме добар квалитет на играчи во нападот.

Резултатот од првиот натпревар одигран на теренот на Локомотива беше 2:1 за црвено-црните, кои ќе се обидат да ја сочуваат оваа минимална предност и да се пласираат во големото финале.

Иако го добивме првиот меч со резултат 2:1 не планираме да се браниме, туку ќе се обидеме да наметнеме наш стил на темпо и игра. Во купот гледаме и спас на сезоната, со тоа и нашата мотивација е на највисоко можно ниво. Иако го освојував два пати купот со екипата на Металург, најголемата желба истото да го сторам и со најдобриот Македонски клуб-Вардар, изјави голманот на црвено-црните Дураковиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски