Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци веќе се во Скопје, два дена ќе паузираат пред продолжетокот на подготовките
Вардарци веќе се во Скопје, два дена ќе паузираат пред продолжетокот на подготовките

Вардарци веќе се во Скопје, два дена ќе паузираат пред продолжетокот на подготовките

Црвено-црната фудбалска експедиција веќе е во Скопје. Нашите  фудбалери заедно со стручниот штаб и техничкиот персонал кои беа  дел од подготовките на ФК Вардар во Анталија вчера  се вратија во Скопје. Тие слетаа вчера на аеродромот Александар Велики во Скопје.

78
Во рамки на зимските подоготовки нашиот тим во Анталија-Турција мина речиси три недели. Таму тие имаа  одлични услови за работа. Тимот се подготвуваше за пролетниот дел од сезоната која што започнува веќе идната  недела. Прв предизвик за црвено-црните е натпреварот со Слога во првото пролетно коло во првата македонска фудбалска лига на домашен терен. Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Гоце Седлоски одлучи да им даде краток одмор на момците. Па така  фудбалери добија два слободни дена од стручниот штаб, денес, недела и утре понеделник. Тимот  на тренинзи се враќаат веќе во вторник. Момците  на терените на тренинг кампот на ФК Вардар во скопски Хиподром  ќе ги одработат последните фаза од подготовки за стартот на домашната лига.