Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР СЕ ФИНАЛИСТИ НА ТУРНИРОТ ВО ЗРЕЊАНИН, БРАВО ЗА НАШИТЕ МЛАДИ НАДЕЖИ
ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР СЕ ФИНАЛИСТИ НА ТУРНИРОТ ВО ЗРЕЊАНИН, БРАВО ЗА НАШИТЕ МЛАДИ НАДЕЖИ

ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР СЕ ФИНАЛИСТИ НА ТУРНИРОТ ВО ЗРЕЊАНИН, БРАВО ЗА НАШИТЕ МЛАДИ НАДЕЖИ

Пионерките на ракометниот клуб Вардар се финалисти на силниот турнир во Зрењанин. Утрово избраничките на Ристова и Пецевска одиграа уште одличен натпревар и во полуфиналето ја победија екипата на Срем.

Во првите пет минути од натпреварот се играше гол за гол и резултатот беше израмнет на 2:2. Првото одлепување го прави противникот кој успева да поведе со 2:4 и оваа разлика ја одржува и во наредните осум минути кога резултатот на семафорот гласеше 5:7. Сепак нашите девојки не помилсуваа леснод а се предададат и предвреме да му дозволат на Срем да го решат ова полуфинале. Напротив Вардарки започнуваат да ја играат својата игра и полека да ја топат предноста на Срем. Од резултат 6:8 за Срем, црвено-црние успеваат да постигнат четири последователни голови и за прв пат да имаат водство од 10:8. Полследниот гол во првото полувреме го постигна Срем за на полувреме да има негатива од 10:9.

Во првите три минути од второто полувреме се игра гол за гол, Вардар го одржува ова водство кое во продолжение со нова серија успева и да го зголеми. Повторно псотигнуваме четири гола по ред и стигнуваме до највисоки 15:11, што беше повод за противничкиот терен да побара минута одмор. Нашиот тренерски тандем одлично ја имаше поставено играта и продолжи со силното темпо на игра, како и што го започна натпреварот. Срем се обидуваше да ја намли негативата, но како се ближеше крајот тоа стануваше се поневозможно. Голема поддршка имаа нашите девојки од публиката кои ги носеа во нова голема победа. се слушаше во салата Ајде ајде Вардаре. Сите надежи за Срем се срушија кога Вардар стигна до највисоки шест голови предност (20:14) и веќе беше јасно кој ќе биде финалист на турнирот во оваа возрасна генерација за девојки родени 2002 година. Конечниот резултат беше 24:18. За потсетување вчера во 1/4 ја победивме екипата на Пролетер.

Денес во големото финале Вардаровите пионерки ќе се сретнат со екипата на Просочани, која во полуфиналето ја победи екипата на Нов Белград.