Екипата на ФК Вардар до четврток се наоѓа во Охрид, каде ќе одигра уште два контролни натпревари, по што ќе следи враќање во Скопје.
Црвено-црните ќе тестираат со екипите на Караорман и Егнатија ( Албанија) и на тој начин ќе ги завршат подготовките во Охрид. Досега, Вардар одигра четири контролни натпревари, против Локомотива (3:0), Скопје (0:1), Охрид (0:0) и Пелистер (2:2, на пенали 5:4).
Стартот на новата натпреварувачка сезона во ВМФЛ е закажан за 13.август, кога Вардар ќе гостува кај екипата на Арсими.