Македонија и Бугарија одиграа со нерешен резултат на првиот контролен натпревар, на овие две млади фудбалски селекции до 16 години. Мечот се одигра во Софија и заврши без победник.
Македонија имаше предност по првото полувреме од 0:1, со погодокот на Стојменов, додека Бугарија во вториот дел успеа да го израмни резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен на овој прв контролен меч. Во првите 11-сетмина на овој дуел се најдоа Марио Илиевски и Филип Андоновски и двајцата од редовите на Вардар. Во второто полувреме во игра влезе и Александар Ѓурковски.
Вториот контролен натпревар на овие две репрезентации ќе се одигра во текот на утрешниот ден.