Македонската фудбалска селекција до 18 години се наоѓа на тренинг камп во Скопје. Во текот на вчерашниот ден на тренинг центарот Петар Милошевски беше одигран првиот меѓусебен контролен натпревар на оваа репрезентација која е предводена од Шкумбин Арслани.
Победа издвојува тимот 1 кој славеше во дуелот со тимот 2, со резултат 3:1. За тимот 1 настапија пет играчи од Вардар. Се работи за Асани, Ѓурковски, Омерагиќ, Крстевски и Игнатов, додека за другиот тим играше Фисник Салиу, а на клупата за резервни играчи беше Китановски. Два од четирите голови на овој натпревар беа дело на вардаровите играчи. Се работи за Азер Омерагиќ и Леонид Игнатов, кои ги постигнаа два гола за победничкиот тим. Инаку и двајцата беа дел од подготовките на првиот тим на Вардар во Аланија.
Вториот контролен меч ќе се одигра во четврток со почеток од 14:00 часот.