Претстојниов викенд стартува пролетниот дел од детската фудбалска лига. Од вардаровите генерации активни ќе бидат само момчињата родени „2008“ година и тоа екипата на Вардар (1). Сите останати генерации на Вардар се слободни во првото коло.
Шампионската генерација „2008“ на Вардар во пролетниот дел од сезоната има нов тренер, тоа е Влатко Колев кој ќе го наследи Миле Крстев кој замина од клубот. Колев кој беше дел и од стручнот штаб на првиот тим, му е доделена со работа оваа генерација.
Вардар (1) во сабота со почеток од 14:30 часот ќе игра против екипата на Викторија. Во есенскиот дел славевме убедливо над овој противник, со резултат 12:0. Оваа екипа на Вардар имаше 10 победи на исто толку натпревари во првиот дел од натпреварувачката сезона.